top of page
Search
  • memyselfandsare

Татјана - Музата на Европските романтичари

Updated: Oct 22, 2021

Татјана е свежиот и автентичен идеал на Пушкин, а и прототип за женскиот романтичарски лик на светскиот литературен опус. Таа е неповршен лик кој искаѓува голема заинтересираност за секој аспект на животот. Потоа, Татјана ја олицетворува жената која е сосем молчалива, тажна и привлечена во себе: „Молчалива и тажна, дива, / ко срна плашлива што бива, / во својот роден, татков кат / ко туѓа била секој пат. / Од мили галена да биде / не можела да трпи баш.“ Татјана живее во свет на фантазии, мистика и натприродност. Притоа, таа се соединува со природата, па така, опишано е во „Евгениј Онегин“ нејзиното постојано бегство во шумите и планини. Слично, и нејзиниот дом е симбол за романтичарската поврзаност со природата, имено, тука се слави култот кон природата и духот на природната Татјана која се соединува со месечината. Во своите однесувања, видливо е дека таа е бурна и прагматична, се ослободува себеси од сите стеги на жената, па така храбро му испраќа писмо на Онегин, кое ја открива нејзината љубов и заинтересираност. На крај, како и другите романтичарски ликови, Татјана се засолнува во својот интимен и мистичен свет, но и бега во своето детство. За бегството во детството говори нејзината поврзаност со дадилката и нејзините сказни. Исто така, Татјана живее во еден свет на фантазија на луцидност и фантазии, па така, сонува соништа кои ја навестуваат нејзината животна патека: „Татјана падна в сон“.



1 view0 comments
Post: Blog2_Post
bottom of page