top of page
Search
  • memyselfandsare

Сам

Сам во тишина и ноќ тивка

слушаш само еден тажен крик.

Сам во одаја, голема и бела,

бараш каде ечи овој вик.


Ниту горе, ниту доле,

има човек со ваков пискот.

Мислиш, прашуваш,

од каде ли е овој врисок?


Сам во самина седиш во одаја бела,

во голема зандана, во широка соба,

полна мака, а и тегова,

бараш кој ли ечи гласно во собата цела.


Нема ниту човек, ниту предмет што вришти,

туку срце што бие и пискот што ништи.

Сфаќаш дека сам во самина,

се бараш себе.


Твојата душа вришти.




7 views0 comments
Post: Blog2_Post
bottom of page