top of page
Search
  • memyselfandsare

Значителноста на постоењето на „Антигона“ во секое општество

Updated: Oct 9, 2021

Несомнено е дека во рамките на едно општество, во едно монархиско уредување или пак во една обична училница, традицијата и конвенциите потцртуваат дека општочовечкиот идеал се заснова врз почитувањето на крунисаниот владелел или пак на човекот кој седи на даскалското столче. Системското уредување е поделено на две нивоа - на чело, секако, седи семоќниот кој е накитен со божески права; останатите се поданици од кои се очекува слепа верба и неуморна служба. Иако, до одредена мера, ваквата авторитарност се поврзува со низа позитивности, на пример, со дефинираниот ред и правила, многу често истата доведува до погазување на единката која е дел од поданичкиот склоп. Во ваквата сфера на постоење, со сигурност, се истребува индивидуалниот дух и персоналното „Јас“, а пиедесталот на единката, која е воедно родител на уникатната мисла, се руши со колективната идеологија која, секако, соодветствува со вербата на моќниот владетел. Јасно е дека во ваквото Креонтско општество потребна е мала количина на сила за да се манипулира масата, за да се врежат нееднакви правила и за да се движи владетелот напред, додека останатите се туркаат во обратната насока. Сега, секој кој барем истрајал на еден час по литература каде се споменала „Антигона“ на верзираниот Софокле ја познава хероината на Античка Грција. Секако, Антигона ги надминува границите на Стара Грција, а во овој миг ја зазема фокалната точка на овој мој спој на неколку црни реченици напишани на бело. Споменатата муза е жена која не само што го надраснува мажот на Тебанското општество, туку го засенчува владетелскиот лик со својата бурна мисла и неконформистичко дејство.




2 views0 comments
Post: Blog2_Post
bottom of page